Лука Дончиќ: Среќен сум во Далас

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ демантираше денеска дека на крајот на оваа сезона во НБА лигата ќе ги напушти редовите на Далас, пренесуваат американските медиуми.
Некои од американските медиуми објавија дека Дончиќ е незадоволен од политиката на клубот и дека се заканил дека ќе замине ако Далас не ангажира соодветни засилувања до почетокот на новата сезона. Далас оваа сезона остана без пласман во плеј-инот и плеј-офот, откако регуларниот дел го завриши на 11-то место на табелата на западната конференција со 44 порази и 38 победи.
На два натпревари пред крајот на регуларниот дел од сезоната раководството на Далас одлучи да се откаже од борбата за плеј-ин за да го задржи својот избор на претстојниот НБА драфт.
„Така се договоривме, но тоа не ми се допадна. Не сум рекол дека сакам да го напуштам Далас, тоа некаде го прочитав. Среќен сум во Далас, нема потреба за загриженост“, порача Дончиќ, додавајќи оти очекува промени во екипата.
„Нешто мора да се промени, тоа е сигурно. Минатата сезона стигнавме до финалето на Западот, тогаш бев воодушевен од атмосферата во екипата … ‘, додаде Словенцот.