Жиру блиску до продолжување на договорот со Милан

Францускиот напаѓач, Оливие Жиру наскоро ќе го продолжи договорот со клубот од Сан Сиро, тврди новинарот Фабрицио Романо.
Според Романо, договорот со 36-годишниот Французин ќе биде со важност до летото 2024 година. Во јануари оваа година англискиот Евертон сакаше да го купи фудбалерот.
Жиру е во Милан од летото 2021 година. Оваа сезона одигра 36 настапи за Милан, постигнувајќи 12 гола и шест асистенции.
По 29 кола во Серија А, Милан е на четвртото место во поредокот со 52 бода.
Своевремено во Англија ги носеше дресовите на лондонските гиганти, Челзи и Арсенал.