08/06/2025

ДПИ и денеска на терен- на фирмите кои чувале залихи на овошје и зеленчук им се подготвува казна

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и денеска на терен ќе проверува дали трговците со овошјето и зеленчукот, кои се најдоа под смрзнати цени, ја почитуваат одлуката на Владата со која се предвидува во маркетите и пазарите да доставуваат количини од најмалку 70 отсто од испораките во првите два месеци годинава.

Во последната ваква акција заедно со Управата за јавни приходи и Финансовата полиција, беа проверени 20 фирми и речиси сите ќе бидат казнети бидејќи имале доволно залихи на овошје и зеленчук, но не вршеле дистрибуција и продажба во назначените количини. За нив ќе следуваат казни од 800 до 10 000 евра. Со контролата на ДПИ се опфатени увозници на зеленчук и овошје во Скопје, а проверки се правеа и на Кванташкиот пазар.

Исто така, се вршеа надзори и кај увозниците на големо во Струмица, Дебар во и други градови, информираат од Инспекторатот.

Споделете