Валверде го чекал на паркинг противникот и го почестил со тупаници

Реал Мадрид и дефинитивно ги загуби шансите титулата во шпанската Ла лига (Премиера девисион) откако синоќа изгубија на домашен терен со Вилјареал од 2-3.
По натпреварот, Валверде го чекал Баена на паркингот каде што бил автобусот на Виљареал и кога го дочекал му удрил бокс во лицето. Во Виљареал имаат видео од инцидентот кое го предале во полиција.
Валверде имал голем мотив да го удри Баена. На претходниот меч меѓу Виљареал и Реал Мадрид, Баена го удрил Валверде и му рекол „плачи сега дека твојот син нема да биде роден“. На вчерашниот меч повторно му кажал нешто слично. Границата на толерантност била надмината, па Валверде решил да го почека на паркинг и физички да се пресмета со Баена.