09/06/2025

Хотелиерите од Охрид најавија поскапување на цените за 30 проценти!

Од Асоцијацијата на хотелиери (ХОТАМ) за ТВ 24 најавија дека хотелските аранжмани во Охрид и Струга за претстојната туристичка сезона ќе поскапат за 30 проценти, додавајќи дека ќе има покачувања на цените и за претстојните велигденски празници.

Како што наведуваат од Асоцијацијата дека поскапувањето се должи на високите цени на производите и енергенсите, како и на повисоките плати на вработените, со цел да ги одвратат од заминување во странство.

– Македонија останува најевтина дестинација во регионот и покрај поскапувањето на услугите. Нема повеќе дваесет и нешто евра за ноќевање, туку е триесет и нешто евра, а некаде и повеќе – истакна претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески, во изјава за ТВ 24.

Тој наведе оти во Охрид и во Струга се очекуваат туристи од Холандија, Турција, Полска и Англија.

Споделете