Позната причината за смртта на раперот Кулио

Добитникот на Греми награда, раперот Кулио почина од предозирање со фентанол, изјави неговиот менаџер во четвртокот, шест месеци откако 59-годишниот рапер беше пронајден мртов во домот на пријател во Лос Анџелес.
Роден како Apиц Лион Ајви Џуниор, Кулио беше најпознат по неговиот сингл „Gangsta’s Paradise“ од 1995 година.
Песната беше огромен хит што беше прикажан во филмот „Опасни умови“ и ја освои наградата Греми за најдобра рап соло изведба следната година.
Менаџерот на Кулио, Џарез Поси, рече дека семејството на раперот во четвртокот било известено од судскиот совет од Лос Анџелес дека починал од предозирање со фентанил.