09/06/2025

Владата на Литванија со резолуција бара Украина да влезе во НАТО

Во четвртокот литванскиот парламент едногласно усвои резолуција со која се бара Украина да се приклучи на НАТО.

Во документот се наведува дека е „неопходно да се покани“ Украина „да се приклучи на НАТО како земја-членка“ на самитот на Алијансата во Вилнус во јули оваа година, „да ги потпише пристапните протоколи и да започне процесот на ратификација кога ќе дозволат условите“.

Според резолуцијата, поднесена од претставници на различни политички групи во парламентарните комисии за надворешни работи и национална безбедност и одбрана, ова ќе биде стратешка одлука на НАТО во потрагата по мир во Украина и Европа.

Литванската национална радио и телевизија објави дека Жигимантас Павиљонис, претседател на парламентарната комисија за надворешни работи, при презентирањето на нацрт-резолуцијата пред пратениците, рече дека во документот се наведени задачите што треба да ги остварат литванските политичари за три месеци пред самитот.

Ние сме против сивите безбедносни зони, сакаме да докажеме дека е погрешна тезата дека Русија има право да стави вето на членството на Украина. Мислиме дека Украина ќе придонесе за нашата безбедност, ќе го направи НАТО посилен, посочи тој.

Во документот се нагласува и неопходноста од зајакнување на одбраната и одвраќањето во балтичкиот регион и целото источно крило на НАТО, како и зголемување на сојузничките копнени сили кои се постојано распоредени во Литванија на ниво на бригада.

Резолуцијата, исто така, го зајакнува стремежот за зајакнување на интегрираната воздушна и противракетна одбрана, вклучително и капацитетите за воздушна одбрана во Литванија и целиот регион, како и стремежот да се обезбеди подготвеност за прием на сојузничките трупи во земјата.

Исто така, влезот на Украина во НАТО ќе биде црвена линија за Москва, по што никој нема да знае што ќе се случи, беше посочено повеќе од еднаш во бројните анализи за војната во Украина.

Споделете