Дијагностицирана леукемија кај Силвио Берлускони

Близок извор во четвртокот изјави дека на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони му е дијагностицирана леукемија.
Изворот го потврди извештајот на Corriere della Sera кој објави за болеста на Берлускони.
Милијардерот кој од средата е на интензивна нега на кардиолошкото одделение во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, откако имал проблеми со дишењето. Тој последниве две години често завршувал во болница поради здравствени проблеми.