НОВО „ЕВРОПСКО“ БАРАЊЕ НА БУГАРИЈА: Сакаат да бидат вклучени во процесот на измена на Уставот

-Има дискусии за идни текстови кои би се менувале во Уставот на Северна Македонија и ние би сакале да учествуваме во овој процес за да може се да се одвива без проблеми, изјави за бугарската агенција БТА, техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков.
Би сакале да ги консултираме за овие прашања, истакна тој, додавајќи дека за тоа во вторникот имал краток разговор со министерот Бујар Османи.
Околу бришењето на натписот на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ од Битола, Милков коментира дека „очигледно атмосферата во Македонија дозволува тоа да се случи“ и дека „има елементи на неказнивост при ваквите постапки“.
Од македонското МНР засега нема коментар околу тоа дали е прифатливо Бугарија да учествува во процесот на измена на нашиот Устав.