08/06/2025

Движењето Беса прифаќа уставни измени кои го рефлектираат мултиетничкото општество


БЕСА е подготвена да седне да разговара за “Хрватскиот„ модул.

Измени на уставот само доколку истите го одразуваат мултиетничкиот карактер на Република Македонија. Ваков одговор поприложи градоначалникот на Општина Тетово а воедно и претседател на Движењето БЕСА Биљал Касами за предлогот на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски при уставните измени да се земе хрватскиот модел.

-Ние сме отворени да разговараме за секаков модел кој ја рефлектира реалноста во Северна Македонија. Македонија е мултиетничко општество и државата треба да биде регулирана за да ги рефлектира правата и обврските на граѓаните согласно нивните различности. Така што, секоја дискусија поширока за уставна регулација на државата за нас е добредојдена. Сме заинтересирани да бидеме дел, но не сме заинтересирани да разговараме за било каков било модел кој не рефлектира на мултиетничкиот карактер на општеството во Северна Македонија, истакна Биљал Касами денеска од Тетово.

Споделете