08/06/2025

На Меси му се нуди договор тежок 400 милиони евра годишно

Саудиски Ал Хилал испратил официјална понуда за договор до напаѓачот на Париз Сент Жермен, Лионел Меси, објави новинарот Фабрицио Романо.

Според Романо, платата на 35-годишниот Аргентинец во саудискиот клуб ќе биде 400 милиони евра годишно.

Меси е во ПСЖ од летото 2021 година. Неговиот договор со парижаните е до јуни 2023 година. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 45 милиони евра.

Во тековната сезона Меси одигра 33 натпревари за ПСЖ, постигна 18 голови и 17 асистенции.

Споделете