09/06/2025

Османи во Брисел на министерски состанок на НАТО

По министерскиот состанок за Западен Балкан во Рим, министерот за надворешни работи, Бујар Османи продолжува на НАТО министерски состанок, што ќе се одржи на 4ти и 5ти април, во Брисел.

Во фокусот на разговорите ќе биде поддршката на политиката на Отворени врати на НАТО, што се потврдува со пристапувањето на Финска како 31-ва земја членка на Алијансата. Воедно, ќе стане збор и актуелните безбедносни предизвици, поддршката за Украина, како и последиците од руската воена агресија.

На состанокот ќе се трасира патот за следните подготовки за претстојниот НАТО Самит во Вилнус, а ќе бидат разгледани и начините за унапредување на соработката со партнерите, со цел заеднички да се одговори на заканите и предизвиците со кои се соочуваат НАТО членките.

Споделете