ЕК: Македонија мора да го смени Уставот доколку сака да продолжи со пристапните преговори

Pортпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, вчера изјави дека Република Македонија мора да го промени својот Устав доколку сака да ги продолжи преговорите за членство во Европската Унија.
-Македонија е во првата фаза од преговорите. Се движи непречено и очекуваме да биде се готово околу оваа есен. Следниот чекор што го очекуваме се измените на Уставот што земјата е должна да ги направи доколку сака да продолжи со пристапните преговори, изјави Писонеро.