08/06/2025

Правел доградба на деловен објект, спротивно на основниот проект, па си „заработил“ кривична

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.Е.(69) од село Калишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „бесправно градење“.

Во февруари 2022 во Струга, пријавениот во својство на инвеститор започнал со изведување на доградба на деловен објект, спротивно на основниот проект.

Споделете