08/06/2025

За утре е најавено определување на највисоките цени на зеленчукот и овошјето

Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук профил, најавените анализи на зеленчукот и овошјето се завршени.

Домати, краставици, кромид, карфиол, пипер, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон, се дел од зеленчукот и овошјето за кои утре ќе се утврдуваат највисоките цени.

-Утре се определуваат највисоки цени за домати, крастивици, кромид, карфиол, пипер, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон. Ги повикувам граѓаните да дадат исто така придонес во делот на дополнување на листата на производи, како и на цените на кои тие сметаат дека треба да се замрзнат во делот на овошје и зеленчук или други производи. Се грижиме заедно, наведува Бектеши.

Владата во претходниот период ги замрзна цените на дел од производите за хигиена, млечните производи, тестенините и на белиот и полубелиот леб од 450 грама.

Споделете