08/06/2025

По хаотична и драматична трка Макс Ферстапен е победник на Големата награда на Австралија

Фото: Ф1

Рано утринава се одржа австралиското Гран-при, кое изобилуваше со драма се до последниот круг.
Видовме хаотична и драматична трка која беше три пати прекината со црвено знаме.

Првиот прекин се случи по самиот старт, во кој Макс Ферстапен имаше слаб старт и тоа го искористија возачите на Мерцедес Џорџ Расел и Луис Хамилтон кои избија на чело на трката. Чарлс Леклер кој беше удрен од страна на Ленс Строл, не успеа да излезе ниту од првиот свиок и веднаш ја заврши трката.

Фото: Ф1

Вториот прекин на трката дојде набрзо по излетувањето на Александер Албон, стјуардите проценија дека треба да се стопира трката за да се исчисти песокот од патеката.

По рестартот следуваше доминација на Ферстапен, Џорџ Расел не успеа да ја заврши трката поради проблеми со моторот, по што следуваше мирна трка до пред самиот крај кога работите станаа повторно тензични и хаотични.

Фото: Ф1

Следните два прекини се случија пред самиот крај на трката кога Кевин Магнусен удри во заштитната ограда и го оштети својот болид при што беше запрена трката во 54 круг за да се отстрани неговиот болид.

Рестартот донесе многу драма и контроверзии, главни учесници беа Карлос Сајнц и Фернандо Алонсо кои во битката за третото место се судрија, а зад нив настана вистински хаос.
Неколку свиоци потоа тимските колеги Пјер Гасли и Естебан Окон се судрија, а зад нив дебитантите Логан Сарџент и Ник Де Врис имаа помал контакт.

По завршувањето на целата тензија и последното црвено знаме на трката Макс Ферстапен не ја испушти предноста и дојде до својата прва победа на патеката. Зад него заврши Луис Хамилтон, а на третото место Фернандо Алонсо.

Официјалниот поредок може да ја видите подолу. Следното Гран-при е закажано за последниот викенд од април, односно од 28-ми до 30-ти април кое ќе се вози во Азербејџан низ улиците на Баку.

Фото: Ф1
Споделете