Во Бугарија денеска се одржуваат вонредни избори по петти пат во последните две години

Нови вонредни парламентарни избори денес се одржуваат во Бугарија, односно петти за помалку од две години.
Според последните истражувања на јавното мислење кај нашиот источен сосед покажуваат дека на денешните избори не може со сигурност да се утврди јасен победник.
И овој пат гласачите се двоумат дали да излезат воопшто на гласање. Дури 13 проценти сè уште немаат одлучено дали ќе гласаат и таа одука ќе ја донесат на самиот ден на гласањето, па така според анкетите се очекува слаб одзив на гласачите со околу 39 проценти.
Предвидувањата се дека по денешното изјаснување на граѓаните во новиот парламент ќе влезат пет партии и коалиции – ГЕРБ-СДС, „Промените продолжуваат и Демократска Бугарија“, Движењето за права и слободи (ДПС) „Преродба“ и Бугарската социјалистичка партија (БСП).
Бариерата од 4 проценти „Бугарски подем“ и „Левица!“ имаат теоретски шанси да ја прескокнат, но гласањето и резултатите во голема мерка ќе зависат од нивната способност да ги убедат своите гласачи да отидат до гласачките места.
Од друга страна, бугарските избирачи, заморени од честите гласања, се надеваат дека новоизбраниот парламент ќе формира стабилна влада која ќе почне да ги решава наталожените проблеми во земјата, инфлацијата, безбедноста, реформите во важните сектори како правосудството, здравството итн., јавува бугарското радио.
Од бугарското радио, јавуваат дека бугарските избирачи се заморени од честите гласасња и дека новоизбраниот парламент ќе формира стабилна влада која ќе почне да ги решава насобраните проблеми, инфлацијата, безбедноста, правосудството, здравството итн.