Објавен списокот на ракометарки за мундијалскиот бараж со Украина

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија во рамките на ЕХФ неделата која започнува на 03.04 ќе одигра нарптевари против репрезентацијата на Украина во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Мундијалот ќе се оддржи во Данска, Норвешка и Шведска во период од 29 Ноември до 17 Декември 2023 година.
На овој Мундијал покрај домаќините, учество на првенството обезбедија од Европа репрезентациите на Франција, Црна Гора и Холандија, од Африка репрезентациите на Ангола, Камерун, Конго и Сенегал, од Јужна Амерка репрезентациите на Аргентина, Бразил, Чиле и Парагвај, и од Азија репрезентациите на Кина, Иран, Јапонија, Казахстан и Јужна Кореја.
Сениорките натпреварите ќе ги оддиграат на 08 Април во Скопје, во СЦ “Борис Трајковски”, а три дена подоцна ќе го оддиграат реванш во Кишварда, Унгарија.