09/06/2025

Бектеши најави замрзнување на цените на хигиенските производи

Министерот за економија Крешник Бектеши денес пред медиумите објави дека на утрешната седница со владина одлука ќе се замрзнат цените и на хигиенските производи.

– Утре на седница на владата ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи. Не можеме да ги чекаме собраниските комисии преку измени на Законот за ДДВ да се намалат стапките на оданочување на некои хигиенски производи, рече Бектеши.

Тој истакна дека станува збор за поширока лепеза на производи која ќе биде објавена утре. Замрзнувањето ќе биде со процентуално намалување на цените во однос на претходен датум кој ќе биде одреден на седницата.

Бектеши додаде дека нема да ги каже конкретните производи бидејќи трговците денес и утре би можеле да направат злоупотреби. Тој исто така додаде дека оваа недела ќе се замрзнат и цените на неколку земјоделски производи врз основа на анализа од Министерството за земјоделство.

Споделете