Филмот на РТС кој го потресе регионот: Досие Косово- Жолта куќа

На 23-ти март се прикажа премиерата на филмот на РТС: Досие Косово- Жолта куќа, во кој се говори за немили настани од војната во Косово во 1999 година.
Документарно-играниот филм „Жолта куќа“ е базиран на извештајот на Дик Марти кој е усвоен во Собранието на Советот на Европа, како и на документи на УНМИК од 2003 година кои содржат изјави на сведоци, поранешни припадници на УЧК кои учествувале во транспортот на заробените Срби и останатите неалбанци од Косово на тероторија на Албанија.
Филмот е направен врз основа на истражувања и бројни разговори со новинари кои во 2002 година ја откриле приказната за трговија со органи и кои пронашле поранешни припадници на УЧК, сведоци кои директно учествувале во транспортот на заробениците од Косово во Албанија. Сознанијата до кои дошла екипата на РТС потврдени се и во разговорот со тогашниот припадник на УНМИК кој бил задолжен за исчезнатите лица во Косово.
Во филмот говорат францускиот полковник Жак Огар, кој тогаш бил командант на специјалната единица на францускиот КФОР, Пакрачко-Славонскиот епископ Јован Чулибрк, кој тогаш како јеромонах се наоѓал во Пеќчката патријаршија, како и бројни членови на семејствата на исчезнатите кој ја опишуваат траумата и агонијата низ која поминале во изминатите години, а ја доживуваат и до ден денешен.
Главните улоги во филмот ги играат Златан Видовиќ и Страхиња Бичанин. Покрај нив во епизодните улоги се и Предраг Васиќ, Горан Шмакиќ, Немање Јовановиќ и други глумци од народниот театар во Ужице.