Милошоски: Неспособната влада на Ковачевски денес од нормална работа да се потпише договор на македонски прави театар

Пратеникот и член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денес го објави Меморандумот за разбирање потпишан со UNHCR на 3-ти ноември 1994 година, во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк.

Договорот е потпишан на македонски и англиски јазик, а означувањето на двата јазици во договорот е сосема нормална работа.

Милишоски вели дека владата на Ковачевски од нормална работа да се потпише договор на македонски јазик прави театар, во обид да ја покрие галопирачката инфлација и честите национални понижувања за кои владата има најголема одговорност.