Од вечер започнува летното сметање на времето

Одлуката за промена на времето од зимско во летно ја донесе Владата на седницата одржана на 21-ви овој месец.
Вечерва во два часот по полноќ започнува летното сметање на времето, односно со поместување на стрелките на часовниците напред во 02 часот по полноќ ќе се смета како 03 часот по полноќ.
Летното сметање на времето ќе трае до 29-ти октомври во 03 часот по полноќ, при што со поместување на стрелките на часовниците за еден час назад ќе се смета како 02 часот по полноќ.