08/06/2025

Колку плаќаат њујорчаните за кирија

Многу млади луѓе сонуваат да живеат во Њујорк, градот кој никогаш не спие. Сепак, познато е дека потребни се многу пари за пристоен живот во најнаселениот град во Америка.

Новинар на „Базфид’ (BuzzFeed) ги праша њујорчани колку заработуваат и каков дом можат да си дозволат.

Финансиер кој работи и како диџеј, плаќа 2.000 долари месечно за кирија во Бушвик, Бруклин, а заработува 120.000 долари годишно. Тој живее сам, но ја дели бањата со другите станари во ходникот на зградата. „Тоа е чудно, но тоа е жртва за мирот што го имам. Њујорк е место на крајности и тоа ми се допаѓа,“ објасни тој.

Архитектот Арнолд плаќа 1.000 долари месечно за кирија во Вилијамсбург, Бруклин, а годишно заработува 140.000 долари. „Плаќам пониска кирија затоа што имам цимер. Многу малку сум платен како архитект, но во овој стан можам да гледам згради по цели денови. Ми се допаѓа тоа,“ рече тој.

Рија, економист во здравствен сектор, живее со тројца пријатели во Гринпоинт, Бруклин и месечно за кирија издвојува 1.700 долари, а годишно заработува 100.000 долари. „Мојата работа е многу важна и ми се допаѓа, и сакам да живеам со моите пријатели,“ вели таа.

Џек, шеф на продавница, плаќа 1.500 долари месечна кирија во Џерси Сити, а годишно заработува 36.000 долари. „Пораснав во Бронкс, а сега патувам на Тајмс Сквер. Свирам и музика“, откри тој.

Споделете