08/06/2025

Бектеши најави намалување на цените на брашното од наредната недела

Производителите на брашно во државата следната недела дополнително ќе ја намалат цената на брашното, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук профил.

-Денеска бев информиран дека од наредна недела ќе следи дополнително намалување на цената на брашното, од нашите производители, објави Бектеши.

Претходно Бектеши соопшти дека Министерството за економија е отворено за конкретни предлози за други мерки, механизми и методологии но кои, како што нагласи, се одржливи. Досега добиле конкретен предлог само за укинување на сите царински давачки.

Споделете