08/06/2025

Рецепт за мамурен ден: Брзи шпагети со колбаси кои ќе ве оживеат по долга ноќ

Без разлика дали сте мамурни или сакате да јадете нешто брзо и вкусно без да поминувате премногу време во кујната, тестенините со колбаси и лута пиперка можат да бидат одговор на вашите желби. Наместо пиперка, ќе ви помогне и една лажичка чили во прав, а ако сакате тестенините можете да ги посипете со рендано сирење.

Состојки:

2 пара колбаси за печење
1 голем кромид
2 чешниња лук
1 лажичка чили во прав или 1 лута пиперка
400 гр пелати домати во конзерва
300 гр тестенини

Подготовка:

Загрејте ја водата за тестенините, па кога ќе зоврие додадете ги тестенините и варете онолку колку што е наведено на пакувањето.

Колбасите исечкајте ги на покрупни кришки и пропржете ги од сите страни и додајте исечкан кромид и издробен лук.

Споделете