09/06/2025

Променливо време со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо со сончеви периоди. Во источните делови претпладне ќе има слаб локален дожд. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од 2 до 8 степени, а дневните во интервал од 9 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура се очекува да биде до 16 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно, сончево и топло.

Споделете