Над 50.000 жртви во серијата земјотреси во Турција

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Турција на почетокот на февруари надмина 50.000, изјави денеска директорот на турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби, Јунус Сезер.
Тој во обраќањето пред турскиот Парламент прецизираше дека загинале 50.096 лица, а повредени се 107.204 лица. Земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погодија јужна Турција на 6 февруари.