08/06/2025

Петровска ја започна неколкудневната посета на Брисел каде со 20-тина колеги ќе дебатира за светската безбедност

Министерката Петровска ја започна неколкудневната работна посета на Брисел, каде на покана на високиот претставник на ЕУ за надворешна и бeзбедносна политика, Жозеп Борел ќе учествува на првиот Безбедносно-одбранбен форум Шуман.

– Мотото на овој Форум е „Заедно посилни во нестабилен свет“ со учеството на над 20 колеги, министри за одбрана од земјите – членки и партнерите на Европската Унија, покажува дека современиот и демократски свет е обединет во потребата за силна и блиска соработка која има една цел – глобална безбедност и стабилност, објави Петровска на својот официјален профил на Фејсбук.

Петровска во Брисел ќе се сретне и со високи политички и воени претставници на НАТО и ЕУ.

Споделете