08/06/2025

Почина актерот Ленс Редик, познат по серијалот Џон Вик

Почина Ленс Редик, најпознат по улогите во ТВ серијата „Жицата“ и филмската франшиза на Џон Вик, дознава TMZ. Имал 60 години.

Извор од органите на редот изјави за ТМЗ дека Ленс бил пронајден во неговиот дом денес. Причината за смртта засега не е откриена.

Ноќта пред ненадејната смрт тој објавивл фотографија на социјалните мрежи.

Ленс неодамна беше на турнеја на четвртиот дел од франшизата Џон Вик, во кој тој го игра Шарон. Тој имаше закажано гостување за следната недела во шоуто на Кели Кларксон.

На Инстаграм објавил селфи со своите кучиња. Се одмарале на каучот. „На екранот и надвор од него, не е ни чудо што сакам да ги разгалувам моите кучиња“, напишал тој.

Тој играше во многу познати серии и филмови.

Пред неговото вклучување во Џон Вик, многумина го паметат по улогата на Седрик Даниелс во хит серијата „Жицата“ каде нашиот Милчо Манчевски има режирано две епизоди. Неговиот лик се појавува во сите пет сезони. Тој исто така имаше улоги во многу популарни серии, како што се Фринџ, Бош, Oз, Изгубени и серијата на Нетфликс „Притаено зло“.

Покрај неговиот успех на телевизија, Ленс има глумено и во филмови. Заедно со франшизата на Џон Вик, тој глумеше во филмови како Ангелот падна и Годзила против Конг. Има и необјавени проекти, како што е улогата во претстојната серија на Дизни, Перси Џексон и олимпјците. Освен со глума, се занимавал и со музика, а студирал и на Јеил.

Споделете