08/06/2025

Рафаел Бенитез пред ангажман во Кристал Палас

Кристал Палас го отпушти менаџерот Патрик Виеира, а англиските медиуми веќе на големо шпекулираат кој би можел да го наследи Французинот на позицијата.

Шпанскиот стручњак Рафаел Бенитез, кој има огромно искуство во Премиер – лигата, е наведен како прв фаворит за преземање на тимот кој е во многу лоша форма. Тој наводно е голема желба на челниците на клубот.

Бенитез е без работа од јануари 2022 година, кога доби отказ од Евертон. Кристал Палас е на 12. место во Премиер – лигата со само три бода повеќе од Борнмут, кој е на 18. позиција и е прв под „линијата“.

Покрај менаџирањето на Евертон, Бенитез е екстра популарен кај навивачите на најголемиот мерсисајдски ривал Ливерпул со кого Бенитез ја освои Лигата на Шампионите во 2005 и англискиот Комјунити Шилд во 2006. Бенитез исто така го врати Њукасл Јунајтед во елитниот ранг во 2017 освојувајќи го „Чемпионшипот“ а ја освои и „Лига Европа“ како предводник на Челзи во 2013.
Во родната Шпанија успешно ги водел Тенерифе, Реал Ваљадолид и Б екипата на Реал Мадрид (каде ја почнал својата играчка и менџерска кариера).
Најпознат е како менџер на Валенсија каде ја има донесено титулата во Ла Лига во два наврати, а во 2001 со истиот тим е финалист во лигата на шампионите каде доживува пораз од минхенски Баерн.

Враќањето во матичниот Реал нема да помине најдобро за популарниот Рафа, иако тој носи фантастични резултати во 2015, за време на новогодишните празници во Јануари 2016 кралевите му врачуваат отказ поради непопуларнст кај меѓу навивачите.

Покрај кратките епизоди во Интер и Осасуна, Бенитез успешно ги водеше уште и Екстремадура, Наполи и кинескиот Дајлан профешнл.

Споделете