09/06/2025

Полицијата уапсила 20 годишник на кого му се слошило па го однеле во болница но веќе било доцна

Вчера почина 20-годишник од Радовиш, на кого му се слошило, откако претходно бил уапсен од полицијата.

– На 16.03.2023 во 15 : 35 часот во Полициска станица Радовиш е пријавено дека во Клиничката болница Штип починал В.А.(20) од Радовиш, на кого му се слошило, откако претходно бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш по извршен претрес во неговиот дом во Радовиш, со судска наредба, при кој била пронајдена марихуана, информира МВР.

Споделете