08/06/2025

Пропадна и вториот брак на Алвес

Втората сопругата на Дани Алвес го објави раскинувањето со поранешниот фудбалер. Во моментов поранешниот дефанзивец на Барселона и Бразил е во притвор. Тој е обвинет за силување на девојка во ноќен клуб.

Џоана Санс објави рачно напишано писмо на социјалните мрежи.

– Од детството пишувам за моите чувства за да ги исфрлам – веројатно затоа што сум единственото дете во семејството. Што и да е, ми помага.

Ова беа ужасни месеци – не најтешките во мојот живот, бидејќи се соочив со многу проблеми – но многу темни и болни.

За животен партнер избрав личност која во моите очи беше совршена. Секогаш беше тука кога ми беше најпотребен, секогаш ме поддржуваше во сè, секогаш ме туркаше да растам, беше љубезен, внимателен …

Тешко ми е да се помирам со фактот дека оваа личност може да ми го скрши срцето на илјада парчиња.

Ќе ми требаат години да го избришам од сеќавањето како ме гледаше – како да сум најголемото светско чудо. По ѓаволите, и покрај сета болка што ми ја предизвика, сепак сум тука, до него и ќе останам таму, но во друга улога.

Го сакам и секогаш ќе го сакам без разлика што некој ќе каже. Но, исто така многу се сакам, почитувам и ценам себеси. Еве една силна жена се движи во следната фаза од нејзиниот живот“, напиша таа.

Алвес и шпанската манекенка беа во врска од 2015 година, а се венчаа во 2017 година.

Во 2023 година, откако Алвес беше уапсен, неговата 30-годишна сопруга поднесе барање за развод.

Ова е втор брак на фудбалерoт. Има две деца од претходниот брак.

Споделете