08/06/2025

Ковачевски за Албанец премиер: СДСМ ги почитува коалициските договори

Премиерот Димитар Ковачевски денеска потврди дека веќе е договорено да има премиер Албанец и оти ќе го почитува договореното меѓу неговиот претходник Заев и Али Ахмети.

Во однос на премиер Албанец тоа не е ништо ново. Тоа беше објавено на прес-конференција во 2020 година, по изборите, кога присуствуваа Зоран Заев и Али Ахмети. Тие се достапни снимки на која се формираше Влада во 2020 година, по изборите на кои победи СДСМ и со ДУИ формираше Влада. Така ќе биде и во 2024 година кога СДСМ ќе победи и ќе формира Влада со коалиционите партнери. СДСМ ги почитува коалициските договори. Ова во однос на премиер кој ќе обавува техничка улога ќе се случи кон крајот на следната година, во последните 100 дена, и уверени сме дека на изборите кои ќе се одржат идната година, ние ќе ја добиеме поддршката и повторно премиерот ќе биде од редот на СДСМ по изборите 2024 година, изјави Ковачевски.

Споделете