09/06/2025

Најголемата швајцарска банка во паника: „Кредит свис“ позајми 54 милијарди долари за да ги осигура своите финансии

„Credit Suisse“ зема 50 милијарди франци за ликвидност, по хаосот од САД кој полека се прелева на остатокот од светот.

Акциите на банката вчера паднаа за 24 отсто, откако беше објавено дека нашле „слабост“ во финансиското известување

Проблемите во банкарскиот сектор се појавија минатата недела, кога банката на Силиконската долина, 16-та по големина банка во земјата, пропадна во САД.

Швајцарската национална банка, која е централна банка на Швајцарија, и швајцарската управа за надзор на финансискиот пазар се обидоа да ги смират стравувањата на инвеститорите, велејќи дека се подготвени да и помогнат на Credit Suisse доколку е потребно.

Швајцарските финансиски институции подлежат на строги правила за „да се обезбеди нивната стабилност“, а „Credit Suisse“ ги исполнува барањата за банките кои се сметаат за системски важни, велат регулаторите.

Споделете