09/06/2025

Костовски: Ќе се поништат 11 маркици за згради од деталните урбанистички планови

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, објави дека Советот на Општина Бутел едногласно изгласал поништување на 11 маркици за згради од детално урбанистичките планови.

– Денес на предлог на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Советот на Општина Бутел едногласно изгласа и даде целосна поддршка за поништување на 11 градежни маркици за згради од ДУП ССИ 06.07 и ДУП С16., напиша Костовски.

– За ДУП С16 кој е на сила ќе се отпочне постапка за измена на планот со цел бришење на 7 маркици за згради. А за ДУП ССИ 06.07 кој е во постапка ќе биде ревидиран и ќе се избришат сите згради кој што се уцртани во предлог планот. Воедно сите политички партии кои се дел од Советот ја прифатија иницијативата на граѓаните за промена на трасата на бул. Боца Иванова., додава тој.

Костовски посочи дека ова се прави за нашата иднина, се со цел да се зачува мирниот, спокоен живот кој што го сакаат и бараат граѓаните на општина Бутел.

Споделете