Ниинисто и Ердоган утре ќе се сретнат во Турција

Финскиот претседател Саули Ниинисто ќе се сретне со претседателот на Турција, Реџеп Тауп Ердоган за да разговара за членството во НАТО и други прашања, соопшти денеска кабинетот на финскиот претседател.
Претходно денеска, спорад двајца претеставници на турските власти, официјална Анкара планира да ја одобри кандидатурата на Финска за НАТО пред изборите на 14 мај.
Турските претставници посочуваат дека, независно од Шведска, турскиот парламент би требало да го одобри членството на Финаска до средината на април.
Финскиот претседател ќе биде во официјална посета на Турција на 16. и 17. март.