08/06/2025

Кејт Мидлтон во елегантна и дамска комбинација

Кејт Мидлтон и ocтанатите членови на кралското семејство присуствуваа на Денот на Комонвелтот во британската престолнина Лондон. Принцезата од Велс повтотно покажа зошто важи за една од најдобро облечените жени во светот.

Таа за оваа пригода облекла темносин ансамбл составен од сако и здолниште со миди должина.

Кејт во комбинацијата додаде и елегантен шешир кој одлично и прилега.

Принцезата ги облече тегет штиклите кои многу често ги носи, а ташната и ракавиците во иста боја ја комплетираа елегантната комбинација.

Сепак, она што сите го забележаа беа обетките со цвеќе, кои претходно беа во сопственост на принцезата Дајана.

Принцезата Дијана ги носеше овие прекрасни обетки на кралската турнеја во Мелбурн во 1988 година.

Споделете