Заврши обврската за поседување зимска опрема во возилата

Од денес 15.03.23 не е задолжително да се носи зимска опрема во возилата.
Според законот за сообраќај на патиштата задолжително е поседување на зимска опрема во возилата во периодот од 15 ноември претходната година до 15 март во тековната година.
Овој временски период може да биде продолжен со одлука за донесување вондредна мерка доколку временските услови го налагаат тоа.