Ниски температури, дожд и снег. Еве какво ќе биде времето денес

Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни, а поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои пониски места, особено во западните делови. На планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала и на некои повисоки места.
Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта кога ќе дува и засилен северен ветер.
*Податоците се превземени од сајтот на УХМР.