08/06/2025

Претседателот Пендаровски нема да присуствува на отварањето на македонскиот клуб во Благоевград

thumbs_b_c_2299ba0e4e5df20278cb296d4c3937e3

Претседателот Стево Пендаровски не добил покана и затоа нема во недела да оди во Благоевград на отварањето на клубот Никола Вапцаров. Ова шефот на државата го потврди во синоќешното интервју за „Сител“.

Тој вели дека неодамна ги примил ОМО Илинден во својот кабинет и е првиот претседател кој во историјата бил домаќин на македонско здружение од Бугарија, но тоа не било доволно за да добие покана. Пендаровски нагласува дека здружението „Никола Вапцаров“ претставува неформално организирање вон прописите на Бугарија.

– Ако го знете соопштението на оние кои го организираат тоа, тие мене не ме поканија, иако тоа ме чуди, затоа што дел од тие луѓе кои ја отвораат таа спомен куќа или дом, затоа што тоа не е регистрирано според бугарските прописи и е приватна иницијатива, беа кај мене со ОМО Илинден заедно со други организации на Македонци од Бугарија, рече претседателот Пендаровски.

Тој додаде дека за 31 година независност, никој не ги примил како група Македонци од Бугарија.

Споделете