09/06/2025

На Македонија и недостигаат 10.000 работници

Околу 10 илјади работници во градежништвото и угостителството на годишно ниво и недостасуваат на Македонија тврди вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Најмногу кадар недостасува во градежништвото и во угостителството. Битиќи вели дека земјава се обидува да обезбеди работници од увоз без ограничувања од која земја, и се надева дека и нашите ќе се мотивираат да се пријават во агенцијата и да се вработат. Странските компании кои што работат тука сметаат дека обезбедувањето кадар е работа на државата, истакна Битиќи.

Споделете