09/06/2025

Пендаровски останува на ставот за депортацијата на македонските Евреи од страна на Бугарија

Шефот на државата Стево Пендаровски нема намера да коментира или пак да се извинува за изјавата дека „Бугарија треба да се извини за депортацијата на македонските Евреи.

„Сметаме дека од наша страна нема потреба за дополнителна изјава затоа што претседателот Пендаровски ги искажа јасно своите ставови во обраќањето вчера. Впрочем и гостите кои беа на комеморативниот настан за одбележување 80 години од холокаустот на македонските Евреи, меѓу кои и од Светскиот Еврејски Конгрес, Европскиот Еврејски Конгрес, Еврејската заедница во Република Македонија и „Симон Визентал“ центарот од Виена ги потврдија наводите изнесени во обраќањето на претседателот“, соопштија од Кабинетот на претседателот.

Споделете