09/06/2025

Хулијан Алварез останува во Манчестер Сити до 2028 година

Младиот аргентински ас на Манчестер Сити Хулијан Алварез ќе добие нов договор со значително зголемување на платата.

Аргентинецот оваа сезона пристигна од Ривер Плата, а откако експлодираше во дресот на Аргентина на Светското првенство во Катар, Сити реши да го заштити од понуди со зголемен договор.

Алварез ќе потпише до јуни 2028 година со значително зголемување на платата, а се очекува договорот да биде официјализиран во наредните недели.

Алварез во Манчестер Сити пристигна за само 21 милион евра, оваа сезона забележа 31 настап, најмногу од клупата и постигна 10 гола со три асистенции.

Споделете