08/06/2025

„Се’ насекаде одеднаш“ прогласен за најдобар филм

За најдобар филм на 95тото доделување на Оскарите е прогласен филмот „Се’ насекаде одеднаш“, кој победи во вкупно седум категории, а најдобри главни актери се Брендан Фрејзер за улогата во филмот „Кит“ и Мишел Јео за филмот „Се’ насекаде одеднаш“.

„Се’ насекаде одеднаш“, мешавина од акционен филм, изопачен хумор и научна фантастика, ја следи кинеската имигрантка, сопственичка на перална Евелин Ванг, која ја игра Мишел Јео, а која е измачувана од семејните и даночните грижи. Во хаосот на секојдневниот живот, таа открива постоење на паралелен универзум и влегува во конфликт со злобно суштество кое подоцна се утврдува дека е алтер егото на нејзината ќерка.

Филмот „Се’ насекаде одеднаш“ влезе во трката за Оскар со 11 номинации, а освен во категориите најдобар филм и женска главна награда, награден е и во категориите режија, споредни машки и женски улоги, оригинално сценарио и монтажа.

Споделете