08/06/2025

Брендан Фрејзер ја доби наградата за најдобра машка главна улога

Брендан Фрејзер е прогласен најдобар актер на 95-тото доделување на Оскарите.

-Благодарен сум на Дарен Аронофски што ми даде креативен спас и ме повлече на добриот брод „Китoт“, рече Фрејзер по доделувањето на Оскарот за неговата улога.

Фрејзер, најпознат по улогите во „Џорџ од џунглата“ и трилогијата „Мумија“, доби Оскар за својата прва главна улога по девет години.

Филмот „Китот“ доби и Оскар за шминка и фризура.

Споделете