09/06/2025

Макрон на работна вечера со Орбан пред состанокот на Европскиот совет

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе биде домаќин на работна вечера со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, пред состанокот на Европскиот совет закажан за 23 и 24 март, соопшти Елисејската палата.

„Макрон и Орбан ќе разговараат за поддршката за Украина, зајакнувањето на европската конкурентност, енергетските прашања и поддршката за европската одбранбена индустрија“, се вели во соопштението.

Орбан, кој ја критикува „индиректната војна“ што, според него, Европа ја води против Русија, повика на прекин на огнот во Украина на крајот на февруари.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, унгарската влада се воздржува од критики на рускиот претседател Владимир Путин. Орбан, кој разви блиски врски со Путин пред војната во Украина, одбива да испрати оружје во Киев и ги осудува европските санкции против Русија иако гласаше за нив.

Споделете