Дориjан Бабунски беше избран за играч на месецот во Унгарија

Доријан Бабунски e извонредна форма, па така денеска со својот јубилеен 10-ти гол во првенството донесе нова победа за Дебрецин во унгарското фудбалско првенство.
Македонскиот репрезентативец е лидер на Дебрецин во последно време и се претвори во главен голгетер, што го покажа и на средбата против Кисварда.
Дербито беше решено од страна на Македонецот во второто полувреме, кога мирно дочека едно додавање и со левата нога успеа да го матира противничкиот голман.
Ова е десетти гол за него од стартот на сезоната, а дека игра во врвна форма потврдија и водечките луѓе во унгарскиот фудбал, кои го изгласаа Македонецот за најдобар игра за месец февруари.