09/06/2025

Koнте со одговор на обвинувањата од Ришарлисон

Тотенхем Хотспур му нанесе пораз на старо новиот премиер-лигаш Нотингем Форест во саботната пресметка, а менаџерот Антонио Конте повторно се наврати на вербалниот дуел со еден од неговите пулени, бразилецот Ришарлисон.

Бразилецот јавно негодуваше поради малата минутажа по елиминацијата во Лигата на шампионите, тврдејќи дека менаџерот неразбирливо не ја користи неговата добра форма.
– Секогаш се обидувам да го изведам најдобриот тим на теренот, па Ришарлисон доби предност во однос на Кулушевски. Не ги разбирам луѓето кои не го разбираат значењето на ротацијата, со добри фудбалери на клупата може да се смени текот на натпреварот.Ако сакаш да се бориш за трофеи, мора да имаш 18 добри фудбалери, со кои ќе ротираш и ќе победуваш.Кога фудбалерот ќе каже дека сака да игра, тогаш треба и да се покаже на теренот. Која е поентата некој да е задоволен затоа што играл, а бил изморен и не покажал ништо, тогаш веројатно ќе го загубиме натпреварот, – изјави Конте.

Ришарлисон играше до 84. минута, но не постигна гол во победата од 3:1.

Споделете