08/06/2025

Сојузот на средношколци на Македонија бара да се зголеми безбедноста во училиштата

dojavi-za-bombi-skoli-skopje-MIA2

Сојузот на средношколци изрази загриженост за денешните дојави за поставени бомби во осум средни училишта во Скопје.

– Во последниот период јавноста сведочеше на слични дојави за бомби во училишта и болници во соседна Република Србија. Сојузот ја поздравува брзата акција на безбедносните служби. Ограноците на Сојузот нè информираа дека евакуацијата е целосно спроведена, а настава нема да има за учениците од втората смена, се вели во соопштението.

Сојузот на средношколци апелира на зголемување на безбедноста во средните училишта.

-Ги повикуваме нашите соученици да бидат смирени бидејќи паниката е нашиот најголем непријател во овие ситуации. Безбедностите и училишните служби да бидат професионални и методични во работењето на за да се заштитат средношколците и сите останати вклучени во образовниот процес, стои во соопштението на Сојузот на средношколци.

Споделете