09/06/2025

Лажна била дојавата за бомба во осумте скопски средни училишта

14062017131838_web_mvr_logo

Антитерористичката единица на МВР по дојавата за бомба во осум училишта на територијата на Скопје, извршиле детална проверка, по што констатирале дека таа е лажна. Училиштата се безбедни.

Заканувачот првин испратил електронска пошта во пет средни училишта во Скопје. Подоцна таа е-пошта ја испратил уште во три училишта. Во сите беа евакуирани учениците. Проверките се речиси завршени.

Испраќачот на лажната закана сè уште не е познат. МВР работи на негово откривање.

За да не паничат, на евакуираните ученици од гимназијата „Орце Николов“ им беше кажано да ги напуштат училниците, бидејќи во училиштето ќе се врши дератизација. Околу училиштето има полиција и не дозволува пристап внатре.

Директорот на гимназијата „Орце Николов“ Митко Димовски за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдува дека на службената е-пошта добиле порака за поставена бомба во училиштето. Во е-поштата стои дека истата порака е пратена и во средните училишта „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“,„ Раде Јовчевски-Корчагин“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“.

Споделете